Германски РБ Лајпциг го претстави новото засилување Јошко Гвардиол кој доаѓа од Динамо Загреб. 18-годишниот дефанзивец, кој е младински хрватски репрезентативец, потпиша со „биковите“ до летото 2026 година, но договорот ќе стапи во сила дури од 1 јули 2021 година. Тоа значи дека ќе ја доигра оваа сезона за „модрите“.

За правата Динамо ќе добие 16 милиони евра, но поинтересни се други детали. За секој меч во сезоната во Хрватска во која Гвардиол ќе запише најмалку 45 минути, клубот ќе добива по 70.000 евра. Тоа значи дека ако тој го исполни тој услов во останатите 30 кола, Лајпциг ќе треба да му доплати на Динамо 2,2 милиони евра. Ако Гвардиол заигра во европските купови Динамо ќе добие по 100.000 евра по меч.

Освен тоа Динамо ќе добие и 20 проценти од евентуалниот следен трансфер на тинејџерот. Гвардиол беше во планот на Лидс, но јоркширската екипа го купи Диего Љоренте.