Се чини дека сепак постојат шанси, иако мали, Ведат Муричи, најдобриот фудбалер на Косово да заигра во Скопје на 8 октомври против Македонија во плеј – офот за пласман на ЕВРО 2021. Како што јавуваат медумите во Косово, тој, неговата селекција и Фудбалската федерација на Косово е во трка со времето. Имено најновите вести говорат дека првиот  тест по изолацијата откако беше заразен, на Ковид-19, бил негативен кај напаѓачот кој пред неколку недели направи трансфер од Фенербахче во Лацио. Се чека и вториот тест, за да може конечно да тренира и да се подготвува за дуелот со Македонија.

Од друга страната интересно е тоа што никој не ја споменува повредата или истегнување на мускулот, повреда која ја потврди и Лацио. А во соопштението на “лацијалите“ пред неколку денови стоеше дека Муричи ќе биде најмалку во аут до средината на октомври.