На 8 октомври нашата најдобра фудбалска репрезентација го игра историскиот плеј – оф меч за пласман на ЕВРО 2021, и тоа против селекцијата на Косово. Познато е, победникот во финалето му гостува на 12 ноември на подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија.

По повод овој натпревар селекторот Игор Ангеловски во четврток ќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета за овој натпревар. Според нашите информации, нема да има поголеми промени, се враќаат Димитриевски, веројатно Хасани и Костадинов, а ќе го нема Мартин Богатинов кој е позитивен на Ковид -19.

Секако дека во деновите што се пред нас ќе се следи ситуацијата во Џенова и Наполи, за Пандев и Елмас. Да се надеваме дека и со двајцата ќе биде се во ред и дека ќе можат да настапат на 8 октомври на Арената во Скопје.

Инаку овој список ќе важи и за мечевите на 11 и 14 октомври со Естонија на гости и со Грузија дома во рамките на Лигата на Нации.

Да кажеме дека собирот е во недела попладне, а од понеделникот ќе стартуваат тридневните подготовки.