Тренерот на голманите на екипата на Тотенхем, Нуно Сантош е казнет со 8000 фунти и доби забрана да биде крај аут-линијата на еден меч од Премиер лигата, поради „неспортско однесување“ за време на ремито со Њукасл во минатото коло.

Сантош беше исклучен поради неговата реакција кон судиите, откако тие решија да му досудат пенал на Њукасл по контроверзната игра со рака на Ерик Даер.

Портпарол на ФА рече дека асистентот на Мурињо  употребил „навредлив јазик“ кон судиите на мечот. Тренерот ја прифати казната и нема да се жали.