Францускиот напаѓач од екипата на Барселона, Усман Дембеле, е близу до трансфер во Манчестер Јунајтед, тврди авторитетниот шпански весник АС.

Според весникот, англискиот клуб ќе плати меѓу 50 и 60 милиони евра за 23-годишниот фудбалер. Дополнително, Барселона значително ќе го намали список на фудбалери кои добиваат плата, а скоро и да не играат. Каталонскиот клуб може да ја потроши добиената сума за купување на холандскиот напаѓач од екипата на Лион, Мемфис Депај.

Дембеле се пресели во Барселона летото 2017 година од Борусија Дортмунд. Износот на трансферот тогаш беше фантастични 138 милиони евра. Минатата сезона, Французинот учествуваше на едвај пет натпревари од Шпанското првенство од кои на само три имаше место во првиот тим.