Коронавирусот „влезе“ во уште еден тим каде има македонски фудбалери. Станува збор за екипата на Етникос Ахна во која настапуваат Мартин Богатинов и Јован Костовски. Токму Богатинов и Костовски се меѓу оние кои имале позитивен тест на Ковид-19, заедно со уште 14 лица кои се дел од овој клуб. Бојан Маркоски, пак, уште еден наш фудбалер кој настапува во оваа екипа, имал негативен Ковид-19 тест.

Богатинов и Костовски се чувствуваат добро, немаат никакви симптоми. Сите позитивни се ставени во изолација.

Етникос најпрво објави за тројца нивни заразени членови, а во новите тестирања регистрирани биле дури 16 лица.

Вчера Џенова на Горан Пандев објави дека има 14 заразени играчи. Пандев, како што напиша „Спортмедиа“, не е меѓу нив.