Додека фудбалерите ги чекаат резултатите од ПСР тестовите направени по мечот со Џенова, Наполи објави дека претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис бил тестиран негативно на коронавирус и може да се врати на работа.

Претседателот на Наполи беше позитивен на коронавирусот на 10 септември, по што беше во самоизолација. Наполи со кратко соопштение на официјалната веб-страница објави дека здравствената состојба на Де Лаурентис е добра, дека бил тестиран на двапати негативен и дека може да се врати на работа.