Германскиот интернационалец Сами Кедира не сака да го раскине предвремено да го раскине договорот со Јувентус додека целосно не си ја добие платата пропишана во договорот. Според „Скај Италија“ 33-годишниот фудбалер нема намера да го напушти Торино пред истекот на договорот во јуни 2021 година.

Јувентус го притиска Германецот да си оди ова лето и притоа да се откаже од 6 милиони евра колку што му следуваат за последната година од договорот. Но Германецот си ги сака и тие пари.

Германецот е со „бјанконерите“ од 2015 година кога го напушти Реал Мадрид како слободен играч. Ова лето беше интересен за ПСЖ но немаше ништо конкретно.

Претходно неговите соиграчи од Јувентус Гонзало Игуаин и Блес Матуиди раскинаа со италијанскиот шампион и заминаа во Интер Мајами во американската МЛС.