Коронавирусот сериозно „удри“ на фудбалските тимови на Кипар. После 16 играчи заразени во Етникос Ахна, меѓу кои се и Мартин Богатинов и Јован Костовски, и тимот на Неа Саламина пријави 15 играчи позитивни на Ковид-19.

Етникос остана само со четири „здрави“ играчи, додека останатите се во карантин. Меѓу негативните се и Бојан Маркоски, иако и тој имал температура.

Богатинов и Костовски се чувствуваат добро. Тие се во карантин во хотел, а во истиот хотел се и играчите на Неа Саламина, и на Докса, но во други соби и катови. Целиот хотел е еден вид карантин за позитивните фудбалери.

Останува да се види што ќе се случува со првенството. Ќе следуваат уште тестирања од страна на другите екипи, но факт е дека короната е сериозно влезена на Кипар. Таму има уште играчи од Македонија, како Филип Гачевски кој игра во Енозис, Давор Здрвковски кој настапува во АЕЛ, како и Тричковски, Мојсов и Спировски кои се дел од АЕК Ларнака, а Трајчевски и Шишковски играат во Докса.