Италијанскиот прволигаш Лацио ја продолжи соработката со шпанскиот играч за врска Луис Алберто до летото 2025 година со што е направена голема зделка со оглед дека тој е важна алка во екипата предводена од Симоне Инзаги. Во меѓувреме Лацио работи и на трансферниот пазар. До крајот на неделата ќе пристигне и бразилскиот играч од средниот ред Андреас Переира кој е член на Манчестер Јунајтед.

Договорот со англискиот клуб е позајмица на една сезона со можност Лацио да го откупи договорот на овој играч за 27 милиони евра. Неговата плата за време на позајмицата ќе ја делат Лацио и Јунајтед.

Лацио во овој преоден рок ги донесе напаѓачот Ведат Муричи од Фенербахче за 17 милиони евра, потоа искусниот голман Пепе Реина од Милан, играчите од средниот ред Гонзало Ескаланте и Жан-Даниел Акпро од Еибар односно Салернитана како слободни играчи.