Металург се враќа на европската сцена, го загуби реванш мечот од третото квалификациско коло во Лига Европа против Кринс со 22-21, но благодарение на позитивата од два гола од првата средба во Скопје успеа да се најде во групната фаза.

Не блескаа, избраниците на Зоран Кастратовиќ, но на крајот успеаја да ја остварат целта. Канкараше со пет погодоци од исто толку обиди беше прв стрелец, Хорват и Тарабокиа имаа по четири гола, Дупјачанец запиша 14 интервенции.

Видовме скромна игра во првиот дел во Цирих, многу поразлична од онаа во Скопје. За 12 минути паднаа само четири гола, ниту една од двете екипи немаше поголемо водство од еден гол, домашниот состав казни неколку грешки на македонскиот клуб и на полувремето замина со позитива од еден гол 12-11.

Не тргна добро второто полувреме, Кринс поведе со 15-12 во 36 минута и само што ја анулираше предноста на Металург од Скопје, туку и дојде во поволна позиција. Кастратовиќ веднаш повика тајм-аут. Тимот од Автокоманда влезе во хаотичен период, но на голема среќа и противникот грешеше, па мечот не отиде во непосакуван правец. Металург ја искористи предноста од еден играч, па со погодоците на Поповиќ и Хорват израмни на 16-16 во 42 минута.

Швајцарците беа упорни се вратија на плус два (18-16), па во последните 10 минути влегоа со позитива од 20-17. На другата страна момците на Кастратовиќ имаа бројни шанси, но не ги користеа, па се најдоа во ситуација да го бркаат резултатот.

Хорват беше на ниво на задачата, погоди кога беше најпотребно, Металург се врати на минус еден (20-19). Беше вистинска драма во последните пет минути, Поповиќ не погоди чиста ситуација за израмнување и многу полесен финиш.

На спортивната страна ниту Кринс не белскаше, по одбраната на Дупјачанец, Мариќ израмни на 21-21 во 58. минута. Поведе противникот со 22-21, но не успеа да го искористи последниот напад.

На први октомври, Металург ќе ги дознае противниците во групнаата фаза, во која претходно директно место обезбеди Е.Пелистер.

Криенс – Металург  21:20 (12:11)

Криенс: Бар, Ечер, Папеж 4, Харбуз 4, Гаврановиќ 6, Лапајне 3, Лавриќ, Блатер 1, Делчиапо, Шлумпф 1, Ванер 1, Пироч, Оертли, Идризи и Релстаб 2.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 4 минути.

Металург: Дупјачанец (12 одбрани), Ѓорѓески, Хорват 4, Маркоски, Рниќ, Тарабокија 4, Потиќ 1, Поповиќ 2, Канкараш 5, Лазаревски, Шилегов, Серафимов 1, Мариќ 3, Младеновиќ, Додиќ 1 и Кондев.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Марко Секулиќ и Владимир Јовандиќ од Србија.

Делегат: Хелмут Виле од Австрија.