Металург во овој момент го игра реванш дуелот од третото квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лига Европа. Македонскиот тим за првпат оваа сезона има поддршка од трибините, и тоа во Цирих.

Нашите иселеници кои живеат во овој град дојдоа да го охрабрат Металург во битката за целосно враќање на европската сцена. Ова е убав момент за македонскиот клуб, ако се земе во предвид дека во Македонија и натаму трае забраната за публика на натпреварите.