За време на дуелот меѓу Тотенхем и Челзи, Жозе Мурињо и Френк Лампард се спречкаа. На португалскиот стручњак му засмета гласното бодрење на Лампард, па во 27. минута следеше жестока расправија меѓу двајцата добри пријатели.

Веднаш по завршување на дуелот, тамошните медиуми откри и детали…

„Кога губиш со 3-0 не си вака гласен“, биле зборовите на Мурињо, кој пак веднаш добил одговор од Лампард: Седи и молчи!