По подобро изведување на пенали, фудбалерите на Тотенхем обезбедија место во четврфиналето на Лига Купот на Англија. Во градската пресметка со Челзи, во 90-те минути немаше победник, откако двата тима постигнаа по еден гол за нерешени 1:1. Пенал-рулетот им припадна на домашните.

Фудбалерите на Челзи одиграа одлично прво полувреме и уште во 19. минута со првенецот на Тимо Вернер успеаја да дојдат до предност од 1:0. Тотенхем се обидуваше да возврати, но „сините“ заминаа на пауза со предност.

 

Во второто полувреме и двата тима имаа свои минути, без реализирани шанси. Конечно, среќата им се насмевна на домашните во 83. минута кога Ламела собра еден отпадок во шеснаесетникот на дебитантот Менди и успеа да ја спроведе топката во мрежата за 1:1.

 

Откако по 90 минути немаше победник, тргна изведувањето на пеналите.

Избраниците на Мурињо беа беспрекорни. Погодија во сите пет серии, додека во одлучувачката петта серија, единственото промашување кај Челзи го имаше малдиот Маунт, по што домашните со 5:4 се пласираа во следната фаза.