Ференцварош – Молде е нашиот избор за меч на денот. Решавачки дуел за влез во групите на Лигата на шампионите. Првиот натпревар што се одигра во Норвешка беше исклучително возбудлив. Ференцварош водеше со 2:0, а Молде направи пресврт 3:2, за на крајот унгарскиот првак да изедначи од пенал на 3:3.

На реваншот на „Пушкаш арена“ во Будимпешта Ференц е мал фаворит и му треба победа или реми помало од 3:3 за да пројде понатаму. На Молде му треба триумф.

Ференцварош последен пат играше во групите на ЛШ во 1995 година, тогаш го освои третото место во друштво на Ајакс, Реал Мадрид и Базел. А Молде единствен и последен пат во групите на ЛШ играше во 1999 година. Тогаш заврши последен во конкуренција на Реал Мадрид, Порто и Олимпијакос.

Затоа денешниот меч ќе биде предизвик, да се напише историја и да се заработат убави пари.

ЛШ ПЛЕЈ-ОФ (РЕВАНШИ)
ФЕРЕНЦВАРОШ – МОЛДЕ
вторник, 21:00 ч.
прв меч: 3:3
НАШИ ПРЕДЛОЗИ: КМБ 1Х&0-3 и 1+I&1+II