Како што пренесуваат медиумите во Албанија, Ндерим Неџпи, спортскиот директор на Кукс, доцна синоќа, по хаосот што се во клубот во врска со преодениот рок си поднел неотповиклива оставка од функцијата која ја обавува веќе три години. Некогашниот македонски репрезентативец, екс играч на Слога Ј, Вардар, Работнички, Шкендија и други клубови, незадоволен од тоа како се одвиваше предниот рок и во неможност да ги донесе оние играчи кои биле планирани, решил да си замине од еден од најдобрите клубови во Албанија. Да потсетиме дека Кукс со Неџипи како директор на клубот пред две сезони беше шампион на таа земја.

Сега се очекува првите луѓе на Кукс да ја прифатат оставката или пак да ја одбијат.