Умит Каран е ново-стар тренер на Шкупи. Она кое го најави “Спортмедиа” уште вчера, вечерва се официјализираше.

Турчинот се враќа на клупата по една година и еден месец откако си замина од Чаир. Тогаш екипата ја превзеде Османи па Бајрами. Бајрами беше сменет по поразот од Струга минатиот викенд.

Каран во минатото играше за гигантот Галатасарај, а Шкупи му беше прво тренерско искуство.

Во комбинација за тренер на Шкупи беше и Ѓоре Јовановски.