Милан им удрил мерак на фудбалерите од Скандинавија. Во текот на ова лето потпиша договори со двајца млади шведски фудбалери Лукас Бјорклунд (16) и Емил Робак (17), а сега се договорил и со напаѓачот Јенс Петер Хауге (20).

Агентот на играчот и директорите на Милан Паоло Малдини и Рики Масара ги договориле условите и наскоро овој норвешки талент ќе пристигне на „Сан Сиро“. „Росонерите“ на клубот на Хауге Бодо/Глимт ќе му плати 5 милиони евра за овој играч.

Според Јан Аге Фјортофт италијанскиот клуб го забележал Хауге на апликацијата „дата тим“ која со различни алгоритми ги мери перформансите на фудбалерите во Норвешка па дури и оние што играат во пониските лиги. Неговите перформанси значително се подобриле од почетокот на годината, а од Милан оцениле дека се работи за надежен фудбалер.