Иако имаше најави дека Игор Ангеловски списокот на фудбалери за дуелот со Косово ќе го соопшти во четврток, сепак, истото ќе го стори во сабота.

Ангеловски ќе почека два дена поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот.

Засега единствено од минатите списоци само Мартин Богатинов е позитивен на Ковид-19. Но, тој беше повикан како замена за Столе Димитриевски кој беше позитивен, а сега е негативен и тренира нормално со екипата на Рајо Ваљекано.

Проблем претставува конфликтот на Стефан Ристовски со својот тренер, и десниот бек веројатно ќе бара нов клуб.