Поранешниот тренер на тимот на Аугзбург, Мануел Баум го презема тимот на Шалке 04, јавуваат Германските медиуми. Тој доаѓа на местото на Давид Вагнер кому му е врачен отказ поради слабиот старт на сезоната во Бундес лигата.

Баум ќе биде официјално претставен во текот на денешниот ден, а првиот тренинг би требало да го има во текот на утрешниот.

Баум беше тренер на Аугзбург од 2016 до 2019, а последно беше селектор на Германската младинска репрезентација.