Француската фудбалска легенда Патрис Евра, даде доста контраверзно интервју во кое одговара на дел од изјавите на претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грает дека во нивната репрезентација нема расизам, ниту појава на такво нешто.

„Напротив, и тоа како го има. Само не се говори за тоа воопшто. Знаете ли дека во базата каде што престојуваме секојдневно пристигнуваат писма на адреса на селекторот во кој се вели да земе да си ги однесе „своите мајмуни“ назад во Африка и да замине со се нив. Знаете ли дека сме добивале пакети со измет внатре. За тоа не се говори никогаш“, вели Евра па додава:

„Еднаш на посета ни дојде претседателот на Франција. Јас нормално имам место на кое што седам на масата, но одеднаш тоа место беше заменето со едно на ќошот каде што седеа Сања и Сако. Први до претседателот седеа Лорис и Кошчелни. Па нормално дека претседателот ќе сака со нив да се слика, отколку со Сања и со Сако“, „распука“ Евра по француската јавност која очигледно има многу „валкан веш“ кој со години го сокрива.