Филип Манасиевски, капитенот на младинските категории на  Вардар стана член на екипата на Осогово.

Младиот дефанзивец беше на релација прв тим – младински тим на Вардар, а сега ете се одлучи да се пресели во второлигашот од Кочани.

Се работи за млад, 19. годишен стопер кој што во Осогово заминува по неопходното сениорско искуство, и каде што ќе ја добие потребната минутажа.