Умит Каран се врати на Чаир. По отказот на Муарем Бајрами, Турчинот одново го превзема местото шеф на стручен штаб на Шкупи и неговото деби ќе биде в сабота против Борец на домашен терен.

„Најпрво би сакал да им се заблагодарам на сите што сум повторно тука. Во клубот кој најмногу го сакам по мојот Галатасарај. Сакам да му се заблагодарам на спорсткиот директор Суад Алија за укажаната шанса повторно да работам со тимот, како и на сопственикот Олгун Ајдин. Мислам дека со тимот со кој располагаме можеме да бидеме шампиони. На крајот би сакал да му за заблагодарам и на екс тренерот Муарем Бајрами кој е мој многу добар пријател“, изјави Умит Каран на промоцијата на Чаир попладнево.