Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Сеад Колашинац и официјално го напушта Арсенал по три години и кариерата ја продолжува во редовите на Баер Леверкузен.

Како што беше најавено претходните денови, Баер успешно го заврши трансферот на 27-годишниот лев бек и Колашинац наскоро ќе биде претставен како нов играч на „фармацевтите“. Арсенал од овој трансфер ќе заработи минимум 11 милиони евра, а постои можност трансферот да биде уште поголем доколку се исполнат одредени бонуси во договорот.

Колашинац ќе се врати во Германија, што беше негова желба откако стана татко, а Баер значително ја засили левата страна на теренот.