Вечерва уште три натпревари од плеј-офот на Лигата на шампионите. Дуелот на денот е ПАОК – Краснодар. Грчкиот тим изгуби на првиот меч на гости во Русија (2:1) и сега следува реванш на „Тумба“ во Солун.

Откако ЛШ се игра во групи ПАОК не успеал да отиде подалеку од плеј-офот. Од 2004/05 ПАОК се натпреварува во елитното клупско натпреварување. Ова им е трето учество во плеј-офот. Во 2013/14 испадна од Шалке, во 2018/19 од Бенфика. Лани во 3. квалификациско коло налетаа на Ајакс и изгубија.

Минатата недела ПАОК изгуби од Краснодар со 2:1 иако водеше со 1:0. Сега грчкиот тим ќе проба да го симне проклетството и конечно прв пат да влезе во групите на ЛШ.

Краснодар исто така чека на деби во групите на ЛШ, а овој тим е млад во ова натпреварување. Минатата сезона прв пат играше во Лигата на шампионите и стигна до плеј-офот кој го изгуби од Олимпијакос, па потоа играше во групите на Лига Европа.

Инаку ПАОК и Краснодар се соочија и во групната фаза од Лига Европа во 2015 година. Тогаш Краснодар го совлада ПАОК 2:1 дома, а во Солун одигра без голови.

Да кажеме и дека ПАОК ќе игра без бразилското трио Аугусто, Матош и Родриго. Тројцата е повредени и прашање е дали некој од нив ќе може да помогне. Кај Краснодар под прашалник се Стотцки и Да Силва Фереира исто така поради повреди.

Што да се каже за денешниот меч. ПАОК е силен дома, Краснодар е незгоден. И двете екипи имаат еднакви шанси за победа. Затоа обидете се на голови. Наш предлог е ГГ.

ЛШ – ПЛЕЈ-ОФ
ПАОК – КРАСНОДАР
среда, 21:00 ч.
Прв меч: 1:2

НАШ ПРЕДЛОГ: ГГ