Џенова не сака да го одигра мечот со Торино закажан в сабота во рамките на 3. коло од Серија А, затоа што тимот е во комплетна изолација. Четиринаесет членови на клубот, меѓу кои и 10 фудбалери беа позитивни на Ковид-19, по што екипата е во практичен карантин.

Првиот човек на клубот, Енрико Прециози, вели дека е лудо да се очекува од нив в сабота да го одиграат мечот со Торино.

„Знаеме дека пред сè постои правило на здравиот разум и дека во овие услови натпреварот не може да се одигра“, вели Преициози во изјава за „Газета дело спорт“.

„Исто така, многумина во најавите за мечот пропуштаат еден фундаментален аспект: освен големиот број на играчи кои се позитивни, ние деновиве не можеме да тренираме ниту со оние кои се негативни. Тогаш како да играме натпревар?“, прашува првиот човек на Џенова.