Досегашниот капитен на тимот на Росоман, Сашко Дуков е нов играч на екипата на Каменица Саса. Искусниот играч за врска ќе се обиде да помогне што е можно повеќе во таборот на тренерот Горан Здравков кој не ја започна сезоната во второлигашката конкуренција Исток на начин како што посакуваше.

Саса мина во националниот куп победувајќи го тимот на Борец на домашен терен, а потоа следното коло во шампионатот загуби од Кит Го на домашен терен.