Централниот бек на француски Ст. Етјен, Весли Фофана наскоро ќе биде објавен како ново засилување на англиски Лестер, објави официјалната веб-страница на францускиот прволигаш.

Финансиските детали за трансферот на 19-годишниот Французин со потекло од Брегот на слоновата коска не се откриени, но Ст. Етјен веќе се пофали дека тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на клубот.

Фофана е дете на Ст. Етјен и беше вклучен во првиот тим кога имаше само 16 години. Тој веќе трета сезона е во најдобриот тим на „зелените“, а досега има 29 натпревари и 2 гола на сите турнири.