Интересен ден за типување. Покрај мечевите од Лигата на шампионите во последната рунда до групната фаза, имаме и солиден избор на првенствени средби во најсилните европски лиги. Почнуваме со ЛШ и со мечот во Солун. Без разлика што Грците ќе прават голем притисок, Краснодар има тим за групната фаза од ЛШ. Ако останат смирени, сигурно денеска нема да загубат, па затоа ќе одиграме двојна шанса на нив Х2. „Кецовите“ ги резервиравме за Евертон и Удинезе. Удинезе против Верона тотално доминираше, но не успеа, сега на домашен терен мора да победи. Евертон е фаворит против Вест Хем и тоа треба да го потврди и во Лига Купот. Единствениот меч на голови е оној вечерниот во Рим меѓу Лацио и Аталанта.

  1. 18.00 Удинезе – Специја 1
  2. 19.00 Уеска – Атлетико (М) 2
  3. 20.45 Лацио – Аталанта 3+
  4. 20.45 Евертон – Вест Хем 1
  5. 21.00 ПАОК – Краснодар Х2