Доцна синоќа Манчестер Сити го потврди трансферот на Рубен Диас од Бенфика. Трансферот изнесува 65 милиони евра, а стоперот имал емотивно збогување во соблекувалната на својот сега веќе екс тим.

Тренерот Жорге Жесус му порачал дека оди во помал клуб.

„Заминуваш во помал клуб од овој, само што е подобар финансиски“, му рекол тренерот на Бенфика на фудбалерот.

Диас замина во Сити, а како дел од трансферот, Отаменди се пресели во Бенфика.