Досегашниот играч на Ред Бул Лајпциг, Аделунде Лукман е претставен како нов играч на тимот на Фулам.

Екс играчот на Чарлтон и Евертон, е осмото засилување за екипата оваа сезона, а тој е своевидно разочарување за Лајпциг затоа што беше купен за 22.5 милиони фунти, но настапи само на 13 мечеви за нив во изминатиот период.