Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, планира да ја продолжи „чистката“ во тимот. Како што пишуваат каталонските медиуми, Холанѓанецот има нов список од уште три имиња кои се непотребни во тимот.

Досега Барселона се раздели со Артур, Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Луис Суарез, Нелсон Семедо и Муса Ваг. Сепак, на црниот список на Куман се наоѓаат и Рафиња, Рики Пуиг и Карлес Алења, кои исто така ќе бараат нови тимови. Холанѓанецот е категоричен дека тројцата треба да бидат продадени или позајмени.

Но, тоа не е сè. Куман нема да има ништо против да се раздели и со Мартин Брајтвајт, Самуел Умтити и Жан-Клер Тодибо доколку за нив стигне добра понуда.