Нант и Кирил Лазаров не успеаја да дојдат до нова сензација во Лигата на шампионите по триумфот над Кил во минатото коло. Францускиот тим на домашен терен беше совладан од фаворитот Барселона со убедливи 27-35 (15-18) за втор пораз оваа сезона.

Барселона ја оправда фаворитската улога, до 14. минута водството се менуваше. Каталонците со серија од 3-0 поведоа со 7-10 и до крај не дозволија изненадување, ниту пак им дадоа шанса на ракометарите на Нант.

Капитенот на македонската репрезентација постигна четири гола од девет обиди, на другата страна Дика Мем со шест погодоци беше прв стрелец.

На останатите средби, во групата на Вардар, Келце го совлада Елверум со 31-22. Додека пак во групата Б, Кил беше подобар од Целје со 35-24.

По 3. коло, лидер во групата А е Фленсбург без пораз, по што следи Келце, Мешков Брест, Порто, Елверум, ПСЖ, Вардар и Пик Сегед.