Тотенхем на убедлив начин, со победа од 7:2 над Макаби Хаифа се пласираше во групната фаза, и ја опрадва улогата на фаворит. Тимот на Жозе Мурињо одново имаше проблеми, откако противникот израмни, но потоа неговите момци заиграа ефикасно, и го „потопија“ противникот. Кејн постигна три гола, Ло Селсо два, а еден даде и Али кој е во несогласување со тренерот Мурињо.

„Хаварија“ му се случи на тимот на Спортинг Лисабон, во кој го немаше Стефан Ристовски поради несогласување со Аморим. Португалскиот тим влезе како голем фаворит во пресметката со австриски ЛАСК, но не успеа, и беше поразен со 1:4. Со тоа сега Аморим е на удар и пред отказ, а тоа може да значи и останување на Ристовски во Португалија.

Милан, пак, одигра 1:1 на гостувањето кај Рио Аве, и сега се играат продолжениија.