Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја помина и втората препрека на Ролан Гарос, со 3:0 во сетови 6:1,6:2 и 6:2 го елиминира Литванецот Беранкис и така се пласира во 1/16 финалето на францускиот Гренд слем турнир. Новак лесно и сигурно го доби дуелот со далеку послабиот противник, а во наредната рунда ќе игра против Колумбиецот Галан Риверос кој денеска го елиминира Американецот Сандгрен со 3:0 во сетови.

Инаку тоа беше 70. победа на Ѓоковиќ на Ролан Гарос.

Во наредната рунда меѓу себе ќе се соочат Качанов и Гарин кои денеска беа подобри од Весели односно Полманс. Во наредната фаза се пласира и Бугаринот Григор Димитров по победата над Словакот Мартин па следен противник ќе му биде подобриот од мечот Шаповалов и Карбаљес-Баена.