Само неколку часа по одржувањето на ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа, светските букмејкерски компании веќе ги одредија најголемите фаворити за освојување на пехарот во ова натпреварување.

Според експертите на букмејкерите, први фаворити на турнирот се англиските премиерлигаши Арсенал и Тотенхем. Обложувалниците за нив одредија коефициент 10 за освојување на пехарот од второто по ранг европско клупско натпреварување.

Во првите пет фаворити се и италијански Милан (12), Наполи (14) и Рома (16). Следат Лестер (18), како и Баер Леверкузен, Реал Сосиедад и Виљареал со коефициент 20.

Главните аутсајдери се Дандалк и Ријека за кои квотата за шампион е 500.