Лорис Кариус до толку „пропадна“ како голман, што не може да се избори за првотимско место ниту во својот нов клуб.

Пред неколку дена Германецот пристигна во Унион, и кога се чинеше дека конечно ќе брани, оставен на клупа. Вечерва Унион игра со Мајнц, со поранешниот тим на Кариус, но од тимот од Берлин не се осмелија да му дадат шанса.

Грешките во финалето во Лигата на шампионите во 2018 година скапо го чинеа Кариус. Од тогаш не може никако да фати ритам. Беше во Бешикташ на позајмица, но и таму правеше „киксови“, па си замина поради неисплатени плати. Јасно беше дека не можеше да „допре“ ниту до втор голман во Ливерпул, па сега е во Унион.