Само што доби отказ во таборот на Клиперски, Док Риверс не чекаше долго за нов ангажман. Од синоќа е нов тренерна тимот на Филаделфија.

Риверс цели осум години беше дел од ЛА Клиперс, успеа од овој клуб да направи респектабилна НБА франшиза, која е дел од завршницата секоја година. Сепак, годинава не беа исполнети очекувањата на резултатски план, па Риверс доби отказ.

Нешто слично се случи и во Филаделфија каде што досегашниот тренер Браун беше отпуштен по поразот во првото коло од плеј-офот од Бостон со 4:0. Риверс доаѓа на негово место, а јавноста во САД коментира дека го чека доста работа, околу тактиката, и ставање под контрола на големите звезди во тимот.