И кошарката не ја одмина актуелната Ковид-19 состојба. Имено како што официјално потврдија од МЗТ, во таборот на шампионот имало случај на позитивен и тоа член на стручниот штаб. Од клубот велат дека во текот на утрешниот ден очекуваат насоки од здравствените власти и ќе се чека на тестирање на сите играчи и членови на клубот. Позитивниот веќе е во карантин, кај него пред неколку денови се појавиле симптоми и веднаш бил отстранет од екипата. Останатите немаат никави симптоми, но е мора да се тестираат. Сепак и тие ќе бидат во самоизолација додека тестовите не потврдат дека се здрави.

Инаку се шпекулира во некои медиуми, дека и во ФМП има позитивни, дека станува збор за кошаркар.