Карлос Винициус и официјално стана дел од екипата на Тотенхем. Досегашниот напаѓач на Бенфика, пристигна во Лондон и неговата улога ќе биде прва замена за во моментов недопирливиот Хери Кејн.

Англичаните за 25. годишниот фудбалер во моментов платија 3 милиони фунти, носејќи го на позајмица, со право на откуп на крајот од сезоната. Доколку сакаат да го сторат тоа ќе мора да платат 40 милиони фунти.

Винициус мината сезона за Бенфика постигна 24 гола во сите конкуренции.