Младата репрезентација на Македонија денеска, на теренот на Алумина, го имаше стартниот тренинг за подготовките пред мечевите со Казахстан на гости односно Израел на домашен терен.

Селекторот Милевски ги има сите репрезентативци на располагање, и одработи добар тренинг пред заминувањето за Казајстан.

Таму не чека противникот кој ни приреди непријатно изненадување на стартот на квалфикациите кога на домашен терен одигравме 1:1, но сега веруваме дека тоа е мотив повеќе за нашите млади фудбалери да одиграат добар меч и да возврата со победа на гости. Секако дека сме подготвени за такво нешто, затоа што мечевите одиграни во последно време, против Шпанија, однодно Фарски ги одработивме исклучително квалитетно.