Годинешното издание на Ролан Гарос дефинитивно ќе биде запаметено, бројни скандали од стартот го пратат овој турнир. На самиот почеток немаше јасна слика околу протоколите, потоа излезе информација за наместен натпревар во двојки, а најново е дека истиот може да биде прекинат.

Причината е Зверев кој беше елиминиран во осминафиналето. Тој призна дека имал потешкотии со дишењето и дека играл иако бил болен. Веќе на големо се стравува дека во Париз се појави коронавирусот.

„Многу сум болен, не можам да дишам, не требаше да излезам на терен“, откри Зверев.

Зверев беше тестиран пред два дена, но тогаш резултатот беше негативен, сега одново ќе оди на нова контрола по која ќе биде позната судбината на Ролан Гарос.