Стигна тажна вест од Ерменија. 22-годишниот Липарит Даштојан некогашен член на Алашкерт, клуб кој за само една година играше против Македонија ЃП и Ренова во Лига на Европа, го даде својот живот за својата земја.

Даштојан погинал на фронтот во Нагорно – Карабах, каде во изминатите неколку недели војуваат Ерменија и Азербејџан. Вчера исто така на фронтот погина и познатиот ерменски дигач на тегови Татул Арутјунјан. Интересно е што и двајцата се пријавиле на доброволно со цел да ја бранат својата земја Ерменија.

Веста за загинувањето на Даштојан, ја потврди и самиот клуб Алашкерт со официјална објава на својот „Фејсбук“ профил:

Тажна вест од фронтот. Нашиот некогашен фудбалер Липарит Даштојан и се придружи на ерменската војска и го даде својот живот за татковината.Почивај во мир, хероју“, на овој начин Алашкерт се прости од Даштојан.