Македонската фудбалска репрезентација во четврток ја пречекува селекцијата на Косово. Овој меч е во центарот на вниманието, нашите момци може да се најдат на чекор до историски пласман на Европско првенство.

Поранешниот селектор на нашиот најдобар национален тим, Драган Канатларовски за ФФМ говереше за репрезентацијата и дуелот со Косово, како и за доживувањата како фудбалер и предводник.

„Нашиот тим е во голем подем, треба да го искористиме моментот и психолошки да бидеме стабилни. Пандев знае како е да се играат големи натпревари и се надевам дека ќе го искористиме на најдобар начин. Фудбалерите треба да го дадат најдоброто, за себе, но и за нашата држава“, вели Цапар.

Целиот разговор можете да го слушнете во продолжение.