На нешто повеќе од 24 часа од историскиот дуел со Косово, во меч од полуфиналето од плеј – офот за пласман на ЕВРО 2020, СПОРТМЕДИА го дозна стартниот состав на нашата репрезентација.

Се чини дека нашиот селектор Игор Ангеловски има намера да го изненади својот колега Бернард Шаландес, не толку во формација туку во фактот дека мечот во нападот ќе го започне Иван Тричковски, кој добива шанса пред Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Формацијата, која Мрме утре ќе ја форсира е 4-2-3-1, нешто што во последно време тој ја обожава. На голот се враќа Димитриевски, стандардната одбрамбена четворка е Ристовски, Велковски, Муслиу и Ристевски. Како дефанзивни играчи за врска се Адеми и Спировски, а во нападот десно ќе биде Пандев, лево Алиоски а позади истурениот Тричковски, ќе биде Енис Барди.

Силна е оваа селекција, недостига само Елмас. Овие момци треба да го победат Косово и да ја израдуваат цела Македонија.