27-годишниот бразилски офанзивен играч за врска на англиски Вест Хем, Фелипе Андерсон се пресели во Порто на позајмица до крајот на сезоната. Во текот на вчерашниот ден, португалскиот великан успеа да обезбеди неколку засилувања за тековната сезона, а едно од нив пристигна од Островот.

Позајмицата на Андерсон е чиста и не предвидува можност за откуп на играчот.

Фелипе Андерсон  по одиграни 72 средби за Вест Хем на кои постигна 12 погодоци, се сели во шампионатот на Португалија. Интересно е што синоќа од Англија во Порто пристигна уште едно име. Станува збор за Србинот Марко Грујиќ, кој заминува во Порто на позајмица од екипата на Ливерпул. За Грујиќ имаше шпекулации дека ќе се врати во Германија каде минатата сезона беше на позајмица во Херта, но сепак се реши за Португалија.