Конечно убава вест за Бергамо, и тоа од УЕФА. Имено градот кој беше симбол на Италија во битката против Ковид-19, симболот на прекрасниот фудбал на својата Аталанта попладнево доби неверојатно убава вест од Нион.

А во неа се вели дека, за разлика од минатата сезона, Аталанта сега ќе може на својот стадион во Бергамо да ги игра натпреварите во Лигата на Шампионите. Да потсетиме дека во минатата сезона Аталанта како домаќин го користеше “Сан Сиро“ во Милано.

Но, оваа сезона, овој клуб кој игра фантастичен фудбал ќе биде домаќин на Ајакс, Ливерпул и Митјиланд на стадионот во Бергамо.