Како што беше најавено и претходно, на  вечерашниот бараж натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Косово, кој се игра на АРената Тодор Проески со почеток од 20:45 минути, за прв пат во Македонија ќе биде користена ВАР технологијата.

УЕФА тоа го наложи со оглед на важноста на натпреварот,  а организацијата се погрижи за се останато.

Спортмедиа има ексклузивни фотографии од ВАР системот кој вечерва ќе профункционира на Арената, а всушност ќе биде сместен во комбе, а ќе биде поврзан со монитор на самот терен.

Англиски сет на арбитри ќе бидат задолжени за него и ќе бидат на готовс да му помонгат на главниот судија Дани Макели од Холандија доколку е потребно да донесе некоја одлука.