„Знам дека овој тим има квалитет за настап на ЕП. Моја подршка за сите до еден, за играчите, селекторот и федерацијата. Бидете херои на сите фудбалски генерации“, порача екс-селекторот Чеде Јаневски

Македонската фудбалска репрезентација е на два чекори со пласман на ЕП. Првиот го правиме денеска, дома во нашето Скопје против соседното Косово. Денешниот меч е во фокусот на вниманието во целата држава. Нацијата очекува фудбалска победа и голема радост.

На неколку часа пред важниот меч телефонски разговор со Белгија. На линија еден од нашите најдобри тренери и екс селектор Чедомир Јаневски.

 „Моја голема подршка до репрезентативците до капитенот Горан Пандев. Мора да искористиме оваа шанса за пласман на ЕП. Не е лесно, мора да се стигне до победата со многу под на теренот. Косово е состав за респект но како што сите викаме – Ова е наше време! Апсолутна поддрша и за стручниот штаб на чело со селекторот Ангеловски и сите во федерацијата“, изјавува Јаневски кој добро го предводеше нашиот национален тим од 2012 до 2013 година, кога забележа добри резултати во една квалификациска група со силни селекции како Хрватска, Белгија, Велс, Шкотска…

ИМАМЕ СИЛИ ЗА НАСТАП НА ЕП

„Мислам дека овој наш ростер на фудбалери има сили за да направи голем резултат. Тие е еден континуитет на фудбалерите кои со младата селекција веќе играа на едно вакво натпреварување. Секако нашата најбитна алка е капитенот Горан Пандев. Вистински лидер на овој тим на селекторот Ангеловски. Штета што не игра Елиф Елмас но неговото време допрва доаѓа. Сакам овие момци да ни донсеат фудбалска радост и пласман на ЕП. Да бидат хероите на сите нас кои сме биле и ќе бидеме во фудбалот. Да бидат херои на сите генерации. Го можат тие тоа. Иако нема да бидеме на трибините јас верувам дека МАкедонија вечерва ќе биде со фудбалерите. Само напред момци“, е поддршката која стигна до националниот тим од Чедомир Јаневски едно од нашите најголеми фудбалски имиња.