Македонската репрезентацја до 21. година денеска ја оствари четвртата победа во тековните кваификации за Европскиот шампионат. Совладана е селекцијата на Казахстан на гостински терен со 1:4 во херојска игра, игра која донесе голем триумф. Нашите момци предводени од селекторот Благоја Милевски изгинаа на терен, осиграа екстра натпревар, а домашните во немоќ, не само што примија четири гола, туку одиграа многу грубо и мечот го завршија со два играчи помалку.